Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

Прогноза за 25.12.2025
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 26.12.2025
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 27.12.2025
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК