Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За скандалот со ИПАРД и Трипуновски и Мицкоски треба да одговараат

За скандалот со ИПАРД, Трипуновски и Мицкоски треба да одговараат за овој криминал и за штетата што ќе ја претрпат земјоделците, посочи Јована Тренчевска, потпреседателка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Европската Комисија ги суспендирала сите исплати за ИПАРД 3 програмата поради корупцискиот скандал.

„Изолација од ЕУ! Десет дена власта молчи за оваа одлука. Европа реагира и испраќа јасна порака дека корупцијата на ДПМНЕ не се толерира, одговорност мора да има!

Таа ги повика европските институции на итна интервенција:

„Бараме брза, темелна и целосно транспарентна истрага. Затоа ја повикавме главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да дојде во Македонија. Немаме доверба во институции под притисок на власта, кои го штитат криминалот наместо правото и јавниот интерес. Нема да дозволиме да си играат со судбината на граѓаните. Одговорност ќе има. Работата не е завршена.“
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=3hNUsipshMw

Можеби ќе ве интересира

УТРИНСКА МАГЛА И ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ – Еве каков вторник нè очекува во Македонија

ДЕСК

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК