Centar.mk
фото Официјална фоторафија на МВР
МАКЕДОНИЈА

Возел со 2 промили алкохол – полицијата веднаш го лиши од слобода

Денеска (21.12.2025) во 03:55 часот на регионален пат Валандово-Дојран, не место викано „Дојранска раскрсница“ полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Валандово лишија од слобода маж(46) од село Смолари, струмичко.

При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал мажот, а од извршената контрола со дрегер било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,06 промили алкохол во крвта.

Запознаен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК