Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

Во вторник преку денот ќе се задржи стабилно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Прогноза за 23.12.2025
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 24.12.2025
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Прогноза за 25.12.2025
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК