Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жени напаѓале жени, две предновогодишни тепачки пред познати локали низ Скопје – полицијата ги истражува случаите

На 19.12.2025 во 12:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект во Скопје, жена(32) физички ја нападнала друга жена(30), двете од Скопје. Исто така, во 13:00 часот е пријавено дека пред истиот угостителски објект, 32 годишната жена била физички нападната од нејзиниот сопруг (29) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.12.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје, жена (40) пријави дека околу 00:45 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, била физички нападната од едно лице, а претходно бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неа и друго женско лице. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК