Centar.mk
илустративна фотографија генерирана со вештачка интилегенција за потребите на Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПАДНАЛА МАШИНА ЗА БЕТОН ВРЗ РАБОТНИК: Од тешките повреди 44 годишникот починал на пат кон болница

На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека врз Х.И.(44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон.

Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека Х.И. починал.

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител, полициски службеници и Државен инспекторат за труд.

Можеби ќе ве интересира

Започнување на консултативниот процес за Предлог Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030

ДЕСК

Се враќаат високите температури: Како топлината влијае врз срцето, притисокот и уморот?

ДЕСК

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена

ДЕСК