Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари официјална средба со претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), на која беа потврдени одличните односи, а се разговараше и за проширување на институционалната соработка.

Претседателот Гаши изрази голема благодарност за 20-годишната активност на ТИКА во Северна Македонија, во која се реализирани над 1.300 проекти во витални области како што се образованието, здравството, земјоделството и инфраструктурата.

За време на средбата, посебен акцент беше ставен на силното пријателство меѓу Северна Македонија и Турција, на која соработката ѝ даде нова димензија со меѓусебни посети на различни институционални нивоа.

Претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, го информираше претседателот Гаши за идните проекти и планови, а средбата заврши со заложба за продолжување на ова успешно партнерство.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК