Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фрчковски: Власта донесе неуставна Резолуција за своевидна цензура

СДСМ разоткри една ситуација која што практично власта ја држеше под маса и се уште пробува да ја камуфлира, ќе си дозволам да кажам лаже, ја поклопува со резолуции кои што се за мене без смисла и дури се своевидна цензура, рече Јон Фрчковски член на Извршниот одбор на СДСМ, во интервју за емисијата „Аргумент Плус“ на 24 телевизија, коментирајќи ја ситуацијата со мигрантите и како власта сака тоа да го претстави во јавноста.

Тој посочи дека јавниот страв од мигрантите се развива поради недостаток на транспарентност од страна на власт.

„Во целиот овој период стравот го развива фактот што власта не кажува воопшто што се договориле и не го демантираат ‘Лондонски Тајмс’, дури беа прашани како Влада од новинар на ‘Тајмс’ и не доби одговор. За британските медиуми, цела Европа лаже – кој лаже?, посочи Фрчковски.

Тој се осврна и на реториката со која сега се служи власта, таа се менува и сега мигрантите се дефинираат како економски работници во согласност со договорите:

„Да, сега реториката им се смени дека тоа не е станува збор за нелегални мигранти, туку за некакви економски работници. Можеби во таков контекст и нормално дека ништо не би било нелегално доколку се случи со потпишан договор со друга држава, за било кое лице ќе бидат во рамките на некој договор. Тие не се нелегални.“, посочи Фрчкоски.

Во однос на скриените договори на власта, мигранти за пари Фрчковски додаде:

„Самото бегање од нашата резолуција која што се нуди јавно е причина за стравуваме дека под маса мора да постои некаков договор. Зошто не ја потпиша? Зошто, ако е заедничка, не ја ставивме на дневен ред? Тука целата полемика завршува. Веќе фатија наратив дека тоа не е вистина.“

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК