Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Македонија се крена против корупцијата, 47 пријави на платофрмата МИЦКО за само еден ден – порача Кузеска

„47 различни пријави за само еден ден. на платформата МИЦКО. Македонија се крена против корупцијата. Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и документи на нашата дигитална платформа за борба против корупција и криминал, МИЦКО рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

Кузеска посочи дека досега пријави има од различни општини, од Охрид, од Штип а има и некои многу интересни информации за Скопје.

„Сите овие информации, документи, докази, ќе бидат анализирани, документирани и ќе ја информираме јавноста за секој можен случај. Заедно сме во оваа борба против корупцијата и криминалот на власта, потенцираше Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК