Centar.mk
фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

Европска недела на сообраќајни контроли: МВР со интензивни проверки низ државата

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли по повод Европската недела на контроли.

Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.

Имајќи предвид дека, се наоѓаме во период на верски и предновогодишни прослави, кога е зголемен ризикот од управување возило под дејство на алкохол и психотропни супстанции, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава.

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат кон зачувување на сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

C +

Инвертер клими за ранливи домаќинства — објавен јавен повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија

C +