Centar.mk
СВЕТ

Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав

Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.

Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.

Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.

Идентитетот на починатиот не е објавен.

Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Се пребројуваат гласовите: Тиса убедливо води

ДЕСК

ОРБАН ПРЕД ТЕЖОК ПОРАЗ: Првите проценки даваат огромна предност за „Тиса“

ДЕСК

СЕ ОДЛУЧУВА СУДБИНАТА НА ОРБАН: Затворени гласачките места – Масовно гласање во Унгарија

ДЕСК