Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Жена заврши во полициска станица оти возела со 2,63 алкохол во крвта – Полицијата приведе повеќе пијани возачи

На 14.12.2025 во 14:13 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода лице(57) од Штип. Претходно, во 14:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, тој со неговото возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „нисан“ со штипски регистарски ознаки, управувано од лице(44) од Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од лице(64) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 53-годишна жена. од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата и по извршено алкотестирање на осомничениот со дрегер констатирано е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,57 промили алкохол во крвта.

На 14.12.2025 во 20:01 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода лице(45) од с.Горни Подлог, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица.

На 14.12.2025 во 12:06 часот на регионален пат во с.Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода лице(19) од с.Љубодраг. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека управувал патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 95 километри на час во населено место каде максимално дозволена брзина е ограничена со сообраќаен знак на 40 километри на час.

На 14.12.2025 во 22:49 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода маж(48) од с.Лескоец, охридско. При сообраќајна контрола на ул.„15 Корпус“ во Охрид сопрено е патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.

На 14.12.2025 во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај место викано „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода маж(63) од Кичево. Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски се заканува во обид да направи дефокус од прашањето со мигранитте

ДЕСК

СДСМ ќе претстави онлајн платформа за пријавување корупција, најави Филипче

ДЕСК

Кузеска: СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.