Centar.mk
stab, shtab
МАКЕДОНИЈА

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју во Тема на денот на Тв Сител најави дека утре, вторник, ќе се одржи седница на Централниот одбор на партијата на која прво ќе се контатираат оставките на досегашното раководство, а потоа и би се избрало ново.

„Остваките на останатите не се констатирани и треба да се констатираат на следниот состанок на Централниот одбор кој што ќе го закажеме за вторник и тука ќе се избере новото партиско раководство, новите потпретседатели и новите членови на извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри ги адресираме сите наши групи, се отвораме и отвораме фронт против широко распространета корупција на власта. Ќе бидеме заедно со граѓаните со младите луѓе, со сите политички чинители, со граѓанскиот сектор за што веќе се почнати состаноци, се со цел да ставиме крај на ова криминална власт“ истакна Филипче.

Филипче додаде дека неговите сопартијци покажале висок степен на политичка и демократска свест и дека без разлика на тоа дали ќе имаат партиска функција или не, се подготвени да дадат свој придонес во партиското дејствување.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК