Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ – Реакција на ДПМНЕ: Крај на мигранти се става кога ќе ја потпишете Резолуцијата!

Соопштение на СДСМ:

Нека не лаже ДПМНЕ. Не ставија крај тие на ништо туку започнаа, отворија врата за мигранти во Македонија.

Крај на мигранти се става кога ќе ја потпишете Резолуцијата на СДСМ во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти.

Ете така се става крај.

Цела недела ги повикуваме, ајде задно, потпишете. Но ДПМНЕ-ЗНАМ не сакаат. Бегаат од одговори и бегаат од потпишување на Резолуцијата.

А зошто не сакаат? Веќе на сите им е јасно. Има договор, мигранти за пари. Затоа поднесуваат контра Резолуции.

Една порака од опозицијата до власта:

Во ДПМНЕ-ЗНАМ треба да ви биде јасно дека СДСМ заедно со граѓаните ќе стави крај на вашите предавнички и криминални политики.

Нема да дозволиме мигранти, нема да дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата, нема да дозволиме изолација.

Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК