Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски тврди дека е невистина дека во 2021 ќе се градел бегалски камп, туку нова зграда на Центарот за странци

– Тоа што министерот кажуваше дека Владата во 2021 донела одлука за градење бегалски камп во Бардовци – апсолутна невистина. Владата донесе одлука да се гради преку европски проект нова зграда на Центарот за странци кој е дел од организациската структура на МВР. Денеска го имаме Центарот за странци во Гази Баба, во објект кој не ги исполнува условите. Тогаш Владата го прекина овој проект, погрешно според мене, ама тоа нема врска со мигранти или мигрантска криза, објави Оливер Спасовски, актуелен пратеник на СДСМ и екс министер за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК