Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Ново апсење: Возел со 1,63 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

На 13 декември 2025 година во 02:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш лишиле од слобода 60-годишен жител на Радовиш.

Тој на улицата Осми Септември во Радовиш, управувајќи патничко возило џип со радовишки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода. При полициска контрола било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно дека имал 1,63 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК