Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.

„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија.

Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите.

Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите.
Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех“, напиша Ивановски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +