Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се однесува како ,,куче што лае, ама не каса”, очајот и безидејноста стигнаа до плафон

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Партијата СДС, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и многу други да не ги набројуваме ќе ни треба цел ден, истиве преку пресови и соопштенија секојдневно вртат една иста тема, колку да кажат нешто.

Па еве по 100-ти пат да им објасниме.

Мигранти од Велика Британија нема да има.

Томовски нема приватна фирма, ниту пак удел во таа која ја споменуваат.

Им порачуваме на СДС доколку имаат доказ (а немаат никаков бидејќи нема криминал), нека се обратат кај своите обвинители и судии како Кацарска, како Коцевски, како Дамева, и нека гонат како што гонеа 7 години додека беа на власт.

Ама бидејќи и тие се свесни дека нема за што да се гони, растураат пердуви во јавноста и после зошто народот не им верувал.

Реформи се потребни во СДС на чело со Филипче и оградување од Заев и криминалната багра.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК