Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Судир на три возила среде град – полицијата на терен

На 08.12.2025 година во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила.

Во несреќата учествувале патничко возило марка „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишен жител на Скопје, патничко возило марка „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 36-годишен жител на селото Жубрино, кичевско, како и патничко возило марка „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 56-годишен жител на Скопје.

Во сообраќајната несреќа, 61-годишен сопатник од возилото „цитроен“ се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „ауди“ и сопатничка од истото возило, на возраст од 32 години, од кичевско.

Повредените биле медицински згрижени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и во Општата болница Кичево.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +