Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МОН доделува 50 стипендии за академски студии од втор циклус и 20 стипендии за академски студии од трет циклус во Македонија

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус во земјава и истите можат да се погледнат на следниот линк https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/stipendii-mon.

Стипендиите се однесуваат на студенти кои се запишани на втор или трет циклус на студии во земјата, на едно од следниве научни подрачја: природно-математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) или на инженерство и технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, сообраќај и транспорт, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство, инженерство за заштита на животна средина, инженерство за заштита на работна средина и индустриско инженерство и менаџмент); хуманистички науки; општествени науки.

Сите останати услови можат да се погледнат во конкурсите.

Висината на стипендијата за студии од втор циклус во земјата изнесува 9.000 денари и се исплаќа девет месеци во годината, додека стипендијата за трет циклус на студии чиј износ е 18.000 денари, се доделува за дванаесет месеци во годината.

Аплицирањето е електронски. Студентите кои ги исполнуваат условите, треба да пополнат електронска пријава и да прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 20.2.2026 година.

Можеби ќе ве интересира

Брутален грабеж среде бел ден во Охрид – жртва 82-годишен маж, кому арамијата му влегол дома и му го зел паричникот со сите пари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Во 2026 година продолжуваме со стратегијата за стабилен раст, намалување на буџетскиот дефицит и подобар животен стандард

ДЕСК

Филипче: Власта пренаменува 780 милиони од одбрана, спротивно на препораките на САД

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.