Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Британците известуваат дека е договорено 20.000 евра по мигрант, Владата молчи, тврди Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција потсети дека СДСМ уште пред неколку месеци ја предупреди јавноста дека најголемата опасност поврзана со мигрантското прашање е токму владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни преговори, разговори и договори зад грбот на граѓаните.

„Наместо да дадат јасни и конкретни одговори, власта тргна во црна кампања против СДСМ. Кога првпат ги споменавме нивните тајни договори – кои подоцна беа потврдени во странските медиуми – веднаш скокнаа т.н. патриоти од ВМРО-ДПМНЕ. Не обвинија дека лажеме, па потоа осмислија лични напади и кампањи против мене и други актуелни и поранешни функционери. Кога и тоа им пропадна, само ја засилија таа кампања“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека е скандалозно и недозволиво што граѓаните за оваа тема не добиваат информации од својата влада, туку од британските медиуми кои објавија нови, алармантни детали за преговорите.

„Од британските медиуми дознаваме дека станува збор за разговори во кои се разгледува интеграција на мигрантите во македонското општество, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Дополнително, се објавуваат и детали дека Велика Британија планира да ѝ исплаќа на Македонија по 20.000 фунти, односно околу 20.000 евра по депортиран мигрант, согласно новиот модел за таканаречени повратни центри.“

„Замислете – македонските граѓани ова го дознаваат од странски медиуми, додека Владата молчи. Ова е апсолутно недозволиво. Ова е скандал од невидени размери“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мора да кажеме НЕ, време е да се крене гласот на народот!

ДЕСК

Нарушен јавниот ред и мир во Радовиш по тепачка

ДЕСК

Филипче до граѓаните: Следи мобилизација, помогнете да ја зачуваме нашата татковина, безбедноста и иднината на Македонија!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.