Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

По добиеното мислење, Предлог Законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура.

Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.
Клучни новини кои се предвидени со Законот:

Јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна.
Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.

Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.

Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите.

Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.

За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега РМ директно одговара на таа препорака, велат од Министерството за правда.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК