Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Лудило на патот Ресен–Охрид: Фатен со 174 km/h каде дозволено е само 70!

На 01.12.2025 во 10:13 часот на магистралниот пат Ресен–Охрид, кај превој Буково, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 24-годишен жител на Дебарца.

При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 70 километри на час. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

УДРИЛ ДЕВОЈКА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ И ИЗБЕГАЛ – Полицијата трага, малолетничката на Ургентен

ДЕСК

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи

ДЕСК

По 30 години, нов Кривичен законик

ДЕСК