Centar.mk
СВЕТ

Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што, според него, може да се смета за чекор напред кон решавање на конфликтот.

Во разговор со новинарите во „Ер Форс Уан“, Трамп рече дека не се согласува со тврдењата дека неговиот предложен договор е поповолен за Русија и дека Москва не прави никакви отстапки.

Трамп: Руската отстапка е да престане да се бори

„Па, тие прават отстапки. Голема отстапка е да престане да се бори и да не се зазема повеќе територија“, рече Трамп кога го праша новинарка.

Белата куќа вчера изрази голем оптимизам дека е можно да се постигне договор по неколкудневните разговори во Европа и Заливот, на кои учествуваа американскиот државен секретар Марко Рубио, американскиот секретар на армијата Даниел Дрискол и други високи функционери./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сакам војната да се заврши за еден месец, му рекол Трамп на Зеленски

C +

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +