Centar.mk
СВЕТ

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови за распоредување ракети на остров во близина на демократски управуваниот Тајван.

„Имаме силна волја, силна решителност и силна способност да го браниме нашиот национален суверенитет и територијален интегритет“, рече Пенг Ќинген, портпарол на кинеската Канцеларија за прашања поврзани со Тајван, на редовната прес-конференција кога беше прашан за планираното распоредување. „Ќе го потиснеме секое странско мешање“.

Пекинг го смета Тајван за своја територија и не ја исклучи можноста за употреба на сила за да го стави под своја контрола. Владата на островот ги отфрла тврдењата на Пекинг за суверенитет и вели дека само тајванскиот народ може да одлучи за својата иднина.

„Распоредувањето на поморско оружје од страна на Јапонија во областите што се граничат со кинескиот регион Тајван е исклучително опасно, намерно создава регионални тензии и предизвикува воен конфликт“, рече Пенг./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.