Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кузмановска: Нов удар врз младите, ДПМНЕ ги намалува парите за студентски стандард за 7,3 милиони евра во Буџетот

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ:

Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра!

Ова значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови. Уште поголем удар врз секој млад човек кој се обидува да се образува и развива во својата земја.

Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите! Наместо да вложуваат во младите, Владата на Мицкоски им ги крати парите, им ги одзема можностите. Како намерно да сака да ги избрка од државата.

Не може да има пари за манго, папаја и гоштевање на владините функцонери а да нема за младите. Студентите не се бројка во табела, тие се иднината на државата. А со вакви погрешни политики иселувањето на младите не само што ќе продолжи туку ќе се засили.

СДММ бара власта веднаш да се откаже од овие катастрофлани политики и да го зголеми буџетот за студетски стандард. Младите заслужуваат подобро, заслужуваат повеќе.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК