Centar.mk
БИЗНИС

РКЕ: Над 55% од енергетските капацитети во земјата се од обновливи извори

Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со Н.Е амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.

Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.

„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција.

Фото Регулаторна Комисија за Енергетика

Можеби ќе ве интересира

29.990 ДОЛАРИ ЗА ВОЗИЛОТО, УШТЕ 299 МЕСЕЧНО – Tesla отвори ограничени нарачки за Cybercab

ДЕСК

NASDAQ ЗАВРШИ ВО МИНУС, DOW ОСТАНА ВО ПЛУС – Технологијата го повлече Волстрит во петокот

ДЕСК

БРЕНТОТ НА 95,84 ДОЛАРИ, АМЕРИКАНСКИОТ ГАС ПАДНА – Како енергенсите ја завршија неделата?

ДЕСК