Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Опозицијата распали: Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски, СДСМ бара проширување на истрагата

Соопштение на СДСМ:

Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе е јасно дека истрагата мора да оди многу повисоко од фатениот директор со обележани банкноти. Мора да се проверат и политичките врски, кумските релации и влијанијата кои ја контролирале распределбата на европските пари.

Во целата шема се појавуваат имиња од најблискиот круг на премиерот Мицкоски за кои премиерот одбегнува да одговори.

Илија Стоилев, директорот на Агенцијата и функционер на ВМРО-ДПМНЕ е близок соработник на Игор Миќев, познат како Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Христијан Мицкоски.

Дополнително, неговата сопруга, кумата на Мицкоски, била вработена во Агенцијата, каде, според доставените информации од свиркачи, без нејзин потпис не се пуштала ниту една исплата од ИПАРД.

Ова отвора сериозни прашања за кои Мицкоски мора веднаш да одговори:

Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви?

Каква е неговата поврзаност? Дали се барале провизии и дали дел од тие пари завршувале кај него или во партијата?

Колку пари од субвенции се испумпувале преку мито и злоупотреби?

СДСМ бара итно проширување на истрагата, испитување на сите инволвирани лица, вклучително и политичките поврзаности на највисоко ниво, и целосно расчистување на овој најголем скандал во земјоделството.

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува корупцијата и да бара одговорност, затоа што европските пари не смеат да завршуваат во приватни и партиски џебови.

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

ДЕСК

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

ДЕСК

Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.