Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МОН и УЈП од Аеродром ги започнаа активностите за зајакнување на финансиската и даночната едукација на учениците од основните и средните училишта

Од денес, во училиштата во општина Аеродром започнуваат работилниците преку кои најмладите ќе се запознаваат подетално со значењето на даноците, начинот на функционирање на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции, како и со важноста на одговорното и транспарентно управување со јавните средства. Изразуваме голема благодарност до Управата за јавни приходи што останува силен поддржувач и партнер на Министерството за образование и наука и на воспитно–образовниот систем.

Ова го истакна државниот секретар во МОН, Елена Ивановска на денешната прва креативна работилница во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром, појаснувајќи дека активностите почнуваат за помалку од еден месец по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи (УЈП) за зајакнување на финансиската и даночната едукација на учениците.

„Со нудење на експертизата и стручноста на своите вработени, УЈП значително придонесува во градењето на понапредни, информирани и финансиски едуцирани ученички генерации, кои многу подобро ќе ги разбираат механизмите на современото општество и ќе бидат подготвени да придонесуваат кон неговиот одржлив развој“, рече Ивановска.

Предвидено е едукацијата да ги опфати учениците од сите основни и средни училишта, ќе се одвива интерактивно – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците.

Министерството за образование и наука очекува успешна реализација на оваа сеопфатна мерка и натамошна трансформација во системско решение, преку надградување на наставните програми. Градиме свесни и одговорни граѓани кои разбираат дека даноците се основа за финансирање на јавните добра и за поттикнување на општествениот напредок.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК