Centar.mk
фото Општина Карпош
ЛОКАЛНО

Стевчо Јакимовски оди во пензија – денеска ја оддржа последната прес конференција како градоначалник

На оваа последна прес конференција како градоначалник на општина Карпош сакам да им ги соопштам следните информации на жителите на Општина Карпош:

– На 4 ноември, 2021 година, кога стапив на функкцијата од мојот претходник наследив 330 милиони денари блокирана сметка и уште една блокада од УЈП на 39 милиони денари, или вкупна блокада на 369 милиони денари. Да потсетам, Буџетот на Општина Карпош во 2020 година бил 363 милиони, или толку биле вкупните приходи, изјави Стевчо Јакимовски доскорешен градоначалник на Карпош.

Стевчо Јакимовски истакна на денешен ден, четири години и три дена потоа, остава општина со 72 милиони денари на жиро сметка со измирени сите тековни обврски , судски пресуди кои уредно се сервисираат.

До денес, Општина Карпош има приходи од 700 милиони денари, а до крајот на годината ќе има скоро 800 милиони денари Или, сум презел општина со 6 милиони евра приход и 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход. Она што е најважно, приходите на општината се качени во четиригодишен мандат кој важи за период на дезинвестирање, рече тој.

– Во моментот во Карпош се гради само една висококатница и два објекта во Момин Поток и три помали објекти од пет ката. За разлика од нас, има општини во кои во моментот се градат над 80 станбени згради повисоки од шест ката. Ова само покажува колку сме биле вешти во менаџирањето на приходите и како општина Карпош, со покачување на даночните приходи успеа да ја стабилизира општината и од истата да направи самоодржлив проект.
На 4 ноември 2021 година не наследив ниту еден сериозен инфраструктурен проект.

Денес, 7 ноември, 2025 година, оставам 4 проекти во тек, 12 проекти за кои се склучени договори и воведени во работа и фирмите воведени во работа, 4 проекти за кои течат тенедрски постапки и уште 6 проекти одобрени од Владата на Р. Македонија со вкупна вредност над 9,5 милиони евра.

Покрај ова, во фаза на изработка, нарачани се уште 10 инфраструктурни проекти, меѓу кои и катна гаража за Карпош 1, подвлече Јакимовски.

фото Општина Карпош

Можеби ќе ве интересира

Данела Арсовска и натаму заведена како Градоначалник на Град Скопје на веб сајтот на градот

ДЕСК

Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз

C +

Одбележан патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.