Centar.mk
фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

Полицијата апсеше лица за огревни дрвја без жиг

Како што соопшти полицијата во атар на селото Преглово, општина Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод лишија од слобода две лица на возраст од 27 и 64 години.

Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од 27 годишното лице, а сопатник бил 64 годишното лице, кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.

Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се вели во официјалното соопштение на МВР.

Можеби ќе ве интересира

Падна банкарка од Тетово – примила 39.000 евра од лице, но никогаш не ги ставила на неговата сметка

ДЕСК

Полицијата пукала во воздух во Кавадарци, откако маж се однесувал агресивно и се самоповредил

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Се судриле две автомобили – еден тешко повреден, возачот на бмв побегнал

ДЕСК