Centar.mk
СВЕТ

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи да допушта убиства на христијани.

Во објава на платформата „Трут соушал“, Трамп напиша дека САД ќе ја прекинат целата помош за Нигерија ако земјата не преземе мерки за запирање на прогоните.

„Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко – исто како што терористите ги напаѓаат нашите сакани христијани!“, порача тој.

Ден претходно, Трамп ја стави Нигерија на листата на земји од посебна загриженост поради прекршување на верските слободи, наведувајќи дека христијанството таму е пред егзистенцијална закана.

Нигерискиот претседател Бола Тинубу одговори дека таквата карактеризација не ја одразува реалноста во земјата, која е речиси рамномерно поделена меѓу муслимани и христијани. Според „Франс Прес“, во Нигерија повеќе од 15 години трае џихадистичкото насилство на Боко Харам, при што загинале над 40.000 лица, а два милиона се раселени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК