Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО: Вкупно 4.826 болни или немоќни лица и 1256 затвореници можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето на оваа категорија гласачи се одвива во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје.

Вкупно 4.826 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори.

Со почеток во 7.00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.

214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.

Гласањeто денес започна во 7 часот утринава и истото се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

АПСЕЊА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ СКОПЈЕ: 9 лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Кривични пријави за повеќе лица – Овозможиле лице да користи дв идентитети

ДЕСК

Хорор за наставничка од Кавадарци откако го оставила профилот на социјална мрежа неодјавен, а колешка го искористила тоа – реагираше полицијата

ДЕСК