Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите присуствуваа на одбележувањето на „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обидинетите нации 1325 за Жени,мир и безбедност“.

Резолуцијата 1325, е усвоена од Советот за безбедност на Обединетите нации на 31 октомври 2000 година,и претставува историски документ кој за првпат ја признава важната улога на жените во спречувањето и решавањето на конфликти, во мировните процеси и во обновата на општествата по конфликтите.

Настанот е во организација на Министерството за одбрана и Канцеларијата на UN Women.

Поздравни обраќања имаа претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска–Давкова која истакна дека со усвојувањето на Резолуцијата се утврдени два темелни принципи и тоа; заштита на жените и девојчињата од насилство и нивно рамноправно учество со мажите во борбата за мир и безбедност.
Жените се најчести жртви на конфликтите. Со усвојување на Резолуцијата се промени перципцијата кон жените. Околу седумстотини милиони жени и девојчиња живеат во радиус од педесет километри од зоните на конфликтите, што е највисока бројка во последните три децении.

Министерот Мисајловски ги информираше присутните за напредокот на Министерството за одбрана и Армијата при интегрирањето на родовите аспекти во законите, подзаконските акти и стратешките документи.

Зголемен е бројот на офицерки, жени кои се на раководни позиции,а се работи и на зголемување на бројот на жените на командни позиции.

Министерството ќе продолжи да се залага за подигнување на свеста за еднакви можности и унапредување на позициите на жените како во Министерството, така и во Армијата.

На настанот се обратија и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и раководителката на канцеларијата на UN Women, Весна Ивановиќ – Кастаред.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК