Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

,,По првиот круг системот прокрваре. Во вториот круг може да го добие конечниот удар. Нормално, ако ние тоа го направиме, ако го преточиме во одлука. И сметам дека времето на одлуката е дојдено, затоа што мислам дека ни е на сите доста од вакви удбашки, бизнисменски, одвратни приказни кои ги живееме триесет и пет години. Системот е на нозе. Сега Скопје на нас е оставено”, порачува кандидатот за градоначалник од партијата Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.

„Ова е класна борба. Класна борба кога имаш две спротивставени страни кои се потполно различни. Една која е наоружана со сите капацитети на државата и друга која сака да се ослободи од тие притисоци“, потенцира Мециновиќ.

Тој додава дека „во оваа кампања ги видовме сите можни лични напади, фабрикации, измислици, притисоци кои можевме да ги замислиме“.

„И зошто мислите дека за прв пат се случува вакво нешто во кампања? Тоа е затоа што за првпат после триесет и пет години им го оспоруваме статус-квото“, појаснува тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете – Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош

ДЕСК

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

ДЕСК