Centar.mk
ЛОКАЛНО

Здружението на пензионери на Општина Центар задоволни од реализираното, изразија надеж дека соработката со Герасимовски ќе продолжи

Здружението на пензионери на Општина Центар на средбата со кандидатот за нов мандат, Горан Герасимовски, ја потврди својата поддршка за него во вториот круг од локалните избори. Герасимовски, заблагодарувајќи им се на пензионерите, истакна дека нивната поддршка многу му значи.

„Тоа е генерација која заслужува внимание, почит и помош, а јас како градоначалник, заедно со мојот тим, секогаш сме излегувале во пресрет. Им благодарам што го препознаа сето она што го правиме за нив, преку разни проекти и иницијативи. На средбата разговаравме и за идните планови, како и за можностите за унапредување на квалитетот на нивниот живот,“ истакна Герасимовски.

На средбата се разговараше и за новата програма во која се предвидува изградба на дом за стари лица, во кој највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена.

Здружението изрази надеж дека одличната соработка со Општина Центар, а особено со градоначалникот Герасимовски ќе продолжи и во иднина.

Пензионерите изразија задоволство од проектот „Сервис за стари лица“, како и од континуираната соработка со општината и нивната вклученост во креирање на политиките на локалната самоуправа.

Средба со Градоначалникот на Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК