„Матица македонска“ ја објави книгата „Овие тивки, темни води“ од една од најреномираните писателки во САД и во Велика Британија, Кристина Мекдоналд – авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today.
Станува збор за трилер со напната атмосфера, со комплексни сиже и фабула, кој истражува теми на тајните, загубата и мракот на минатото. По насилниот упад во нејзиниот дом, Нев Мегваер се враќа на Црното Езеро, надевајќи се на нов почеток со својата ќерка. Но, откритието на безживотно тело во езерото ја принудува да се соочи со своите најдлабоки стравови и тајни.
Кристина Мекдоналд како авторка на бестселери, е позната по својот способност да создава напнати и емоционално наполнети наративи, заради што нејзините книги се барани за сценарија од студијата во Холивуд. Нејзиниот стил е богат со описи и комплексни ликови, што придонесува особено оваа нејзина книга што „Матица македонска“ ексклузивно ја преведе на македонски јазик да биде привлечна за читање за љубителите на трилери и мистерии.
„Овие тивки, темни води“ е книга што важна не само поради својата интригантна приказна, туку и поради длабоките теми на семејство, доверба и последиците од минатото. Од реномирани книжевни критичари, препорачана е за читатели кои уживаат во психолошки трилери и сложени ликови, особено оние кои сакаат да истражуваат мракот на човечката природа.
Со неочекуваните пресврти, „Овие тивки, темни води“ е идеален избор за сите оние кои сакаат да се потопат во свет на мистерии и тајни, и да откријат што се крие под површината, нагласуваат критичарите од САД и од Велика Британија, како и од земји ширум Европа во коишто ексклузивно се преведени дела од Мекдоналд.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


