Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски на средба со угостителите: Посебни пунктови за одлагање на отпадот од рестораните и локалите

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со претставници на угостителските објекти во општината, при што се ги информираше за кризните мерки за справување со отпадот.

На средбата беше разговарано да се постават посебни пунктови каде ќе се собира отпадот од рестораните, кафулињата и другите локали.

Герасимовски истакна дека целта е да се воспостави ред и подобра хигиена во Центар.

„Овој органски отпад е сериозен загадувач и мораме да најдеме соодветно решение за негово одлагање, особено на Боемска каде што има многубројни ресторани, локали и голема фреквенција на луѓе и млади. Не смееме да дозволиме, поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“, да го загрозиме здравјето на нашите граѓани“, рече Герасимовски на средбата.

Угостителите ги поздравија десетте мерки донесени од кризниот штаб и напорите на општинските служби да се справат со актуелната ситуација со сметот.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Како знае ВМРО-ОКГ што ќе каже Груби, ако сè не е договорено?

C +

СДСМ: Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра

C +

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +