Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат, тврди Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање поврзано со кампањата и која е неговата оценка за истата, изјави дека СДСМ води чесна, искрена кампања, насочена кон граѓанските интереси, нагласувајќи ги сериозните изборни притисоци и нерегуларности од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои уредно биле пријавени до ДИК и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

„Пријавивме притисоци и закани по работните места на гласачите, особено членови и симпатизери на СДСМ, поткуп и обиди за поткуп, па дури и на самите гласачки места. Дополнително, компании биле принудувани да присуствуваат на одредени настани, што не е во духот на демократијата”, изјави д-р Филипче.

Тој додаде дека сите овие забелешки се официјално доставени до Државната изборна комисија и до ОБСЕ/ОДИХР.

Претседателот на СДСМ направи паралела со кампањата која СДСМ ја води и го истакна контрастот со владејачката партија.

„Ние водиме чесна, искрена и позитивна кампања. Имаме добри кандидати за градоначалници и советници, добро познати во своите заедници, со програми кои реално се реализираат”, рече д-р Филипле.

Тој потенцираше дека градоначалниците на СДСМ имаат меѓу 90 и 100 отсто реализација на предизборните ветувања, за разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според д-р Филипче, „не реализирале ниту 20 отсто”.

„Нашите градоначалници имаат помеѓу 90 и 100% реализираност на ветените проекти, додека, според нашите податоци, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту 20% од своите програми”, изјави лидерот на СДСМ, д-р Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК