Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

„Во програмата за вториот мандат предвидуваме изградба на модерен дом за стари лица, нова градинка, два покриени базени, катни гаражи, зголемени субвенции за учениците, бесплатни екскурзии и оброци. Продолжуваме да работиме во интерес на сите центарци, без поделби“. Ова вчера, го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски на средбите со граѓани, на терен, од врата до врата.

Тој, потенцираше дека во изминатите четири години покажале дека може да се функционира чесно, отчетно и транспарентно.

„Инвестиравме во градинки, училишта, паркови, улици и јавни услуги што се од голема важност за нашето секојдневие. Граѓаните беа вклучени во процесите на одлучување и заедно креиравме политики за подобар живот. Почнавме вистински промени и сега е време тие да продолжат. Имаме јасна визија, Општина Центар како пример за европска, зелена, дигитална и хумана општина, која се грижи за сите генерации најмладите, семејствата и пензионерите“, рече Герасимовски.

Герасимовски, ги повикува сите граѓани на општината, во недела да излезат на гласање и да го дадат својот глас за концептот „За Центар што го сакаме“, за повеќе зеленило, за подобар квалитет на живот, за посреќни центарци.

Можеби ќе ве интересира

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мост

ДЕСК