Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во работна посета на АВМУ

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски, денеска во просториите на Агенцијата оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е. г. Кристоф Ле Риголер.

Во рамки на средбата, соговорниците разговараа за повеќе прашања од областа на медиумската регулација, со посебен акцент на зголемувањето на присуството на француски аудиовизуелни содржини кај телевизиите кои се реемитуваат во земјава, како и на усогласувањето на националното законодавство со европската правна рамка, особено во делот на Актот за дигитални услуги (Digital Services Act – DSA).

На средбата беше разговарано и за неопходноста од измени и усогласување на Изборниот законик, со кои би се надминале постојните недостатоци и би се одразиле современите состојби во изборниот и медиумскиот контекст.

На крајот на средбата, директорот Трајчевски и амбасадорот Ле Риголер ја потврдија заложбата за продлабочување и интензивирање на соработката меѓу Агенцијата и Француската амбасада.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК

МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ ОТВОРА 114 ДЕСТИНАЦИИ СО ОЛЕСНЕТ ВЛЕЗ – Но не секаде може да се патува без виза

ДЕСК