Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Реконструкцијата на салата Работнички во завршна фаза

Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички“, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички“ и ОК „Работнички“.

При увидот, констатирано е дека 80 проценти од реконструкцијата се завршени.

Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.

„По 50 години, Работнички добива нов лик и нови услови за спортски активности, согласно ФИБА стандардите. Федерациите конечно ќе добијат современи услови за работа, а нашите кошаркари место за тренинг и натпревари. Скопје добива модерна спортска сала, КК Работнички свој дом,“ рече градоначалникот Герасимовски.

Со завршувањето на реконструкцијата, салата „Работнички“ ќе стане современ спортски центар, со уреден терен, нови трибини, функционални соблекувални и административен дел за спортските федерации.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ е загрижена за СДСМ: Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа

ДЕСК

Вечерва почнува летното сметање на времето

ДЕСК

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

ДЕСК