Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ загуби 140.000 гласа, а разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ e значително намалена

Кога ги објавив овие бројки во првата половина на август, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, како и нивните медиуми, очајнички се обидуваа да демантираат, тврдејќи дека изнесувам невистини во јавноста, напиша на фејсбук Андреј Жерновски.

Но, вчерашното гласање ги демантираше оние што демантираа.

ВМРО-ДПМНЕ загуби 140.000 гласа, а разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ e значително намалена.

Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите.

Тоа е најголемиот и најбрзиот пад на било која владејачка партија во историјата на македонскиот политички плурализам. Трендот е тој и во наредниот период ќе продолжи со исто темпо.
Се разбира, ние треба да си погледнеме во својот двор за да видиме како да се вратиме на старите патеки. Во тој смисол, Скопје е најголемиот предизвик.

На сите победници им го честитам успехот и им посакувам плоден мандат, напиша Жерновски.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК