Со само 301.799 гласови колку што ВМРО ДПМНЕ освои на советите на Локалните избори, според податоците кои утрово ги објави СДСМ, или приближно 16.48% од 1.831.413 запишани гласачи успеа да ја превземе целокупната власт.
Ова практично значи дека само 16,5 отсто од граѓаните одлучиле за останатите 83,5 отсто од граѓаните и за нивната иднина.
Но тука не е виновна ВМРО ДПМНЕ или нивните гласачи, туку политичкиот систем кој дозволува со толку малку гласови да се освои целокупна власт, но не може да се амнестираат ниту граѓаните кои одбија да учествуваат во овој процес, па макар и да би за гласаа за некоја од независните листи или пак некоја трета опција која би го колоризирала и дала енергија за промени на целокупниот систем.
Сепак на овие избори имаше и неколку изненадувања и тоа во Битола, каде за малку независната кандидатка не успеа да влезе во втор круг. Додека пак во Скопје и Куманово влегуваат кандидати кои доаѓаат од трета партија или независна листа.
Еве ја табелата која ја објави СДСМ, а за тоа кој колку гласови изгубил на изборите. Според податоците најголема загуба во гласови во однос на парламентарните избори 2024 имаат ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ, додека најмала СДСМ и Левица.