Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ВМРО ДПМНЕ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Победивме убедливо во првиот круг во Струмица – 20 години чекавме за овој ден

Имаме победа во над триесет општини уште во првиот круг. Разликата е два спорема еден, некаде три спрема еден. Некаде е и многу поголема, порача Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ синоќа обзнанувајќи ги резултатите од локалните избори.

– Имаме победа и во општини каде СДСМ имаше свои градоначалници. Победивме убедливо во првиот круг во Струмица. 20 години чекавме за овој ден, 20 години. Имаме победа и во Делчево, победивме и во Берово. Убедлива победа имаме во пелагонијата во Битола, во Прилеп, во Штип имаме , во Кавадарци, Гевгелија, во Свети Николе, во Охрид, во Карбинци, во Демир Хисар, во Новаци, Градско, Бутел, во Ѓорче Петров, Гази Баба, Кисела Вода, во Сопиште, Илинден, Петровец, Јегуновце. Велес, Радовиш, Ресен, повеќе од триесет општини победивме уште во првиот круг. Имаме огромно водство, Орце има огромно водство неколку пати повеќе од својот против кандидат во Скопје. И таму е извесен победник е Орце во вториот круг. Водиме во Карпош. Таму Сотир сам се бореше против сите сојузи и подземни игри и сигурен сум дека ќе имаме победа во втроиот круг. Јасен е трендот дека граѓаните бараат промени во Карпош, рече Христијан Мицкоски.

– Воедно овие избори се и порака за ДУИ. Кога Али Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков полека, смири се, почекај непријатно ќе бидеш изненаден од резултатот. Ова е тој ден. Ова што е најважно е што на овие избори политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци, и теми кои се небитни за граѓаните, се поразени, порача Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе учествува на Mинистерскиот самит на Европската комисија во Подгорица – 20/10/2025

ДЕСК

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

ДЕСК