Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани, први избори по трагедијата во „Пулс“

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори.

Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 2.444 гласа, односно 17,24 проценти.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

Овие избори се одвиваат во посебна атмосфера — тоа се првите избори по трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 63 млади луѓе, настан што длабоко го потресе Кочани./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК

Претреси низ Македонија – лишени од слобода две лица

ДЕСК