Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Возел пијан и престигнал колона возила кои чекале на црвено светло на семафор

На 18.10.2025 во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода лице (48) од Кавадарци. При преземање мерки по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки престигнал седум возила кои биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Серија физички пресметки и тепачки

ДЕСК

Скопјанка го тепала 34 годишниот сопруг, употребила и тврд предмет

ДЕСК

Драматична ноќ во Кавадарци: Пријавил дека повеќемина му ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа во домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга

ДЕСК