19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Македонија гласа за нови совети и градоначалници – Локални избори 2025

Граѓаните денес го остваруваат своето право на глас на осмите локални избори од независноста на државата. Тие избираат градоначалници во вкупно 81 општина, вклучително и во Град Скопје, како и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје.

За функцијата градоначалник се натпреваруваат 309 кандидати, а поднесени се и 576 советнички листи со вкупно 10.490 кандидати. Во изборната трка учествуваат 22 политички партии, 19 коалиции и 119 групи граѓани, односно независни кандидати. Најмногу кандидати за градоначалничката функција има во Град Скопје – вкупно 16.

Според податоците на Државната изборна комисија, избирачките места се отворени утрово во 7 часот. На гласање може да излезат 1.832.415 граѓани со право на глас, кои гласаат на 3.474 избирачки места до 19 часот. Во секоја општина се гласа на две ливчиња – едно за градоначалник и едно за советници, додека жителите на Скопје добиваат четири гласачки ливчиња: за градоначалник и совет на општината во која живеат, како и за градоначалник и Совет на Град Скопје.

Процесот на гласање го следат вкупно 1.451 набљудувач, од кои 807 се од домашни организации, а 644 се меѓународни.

ДИК соопшти дека вчера, еден ден пред главното гласање, право на глас оствариле затворениците, лицата во домашен притвор, болните и изнемоштените лица, како и лицата згрижени во старски домови. Од вкупно 8.856 болни и немоќни лица пријавени за гласање, до 20:30 часот гласале 7.935. Од 2.162 лица кои се во затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 1.400. Во установите за вонсемејна грижа, право на глас искористиле 297 од вкупно 442 пријавени лица.

Можеби ќе ве интересира

9,44 отсто излезност до 11 часот на територијата на цела Македонија – Каде има најголем, а каде најмал интерес за гласање?

ДЕСК

Тешка сообрaќајка близу Струга – повеќе лица се повредени и пренесени во клиниките во Охрид и Скопје

ДЕСК

Апсење на Блато – го барале преку Интерпол, полицијата му стави лисици на рацете

ДЕСК