Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВНИМАВАЈТЕ: Уште една измама во Скопје со лажна сообраќајна несреќа, измамена 71-годишна жена за сума од 36.300 евра

На 16.10.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 36.300 евра. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и е тешко повредена и дека треба да плати за да се направи итна операција.

Како што е пријавено, таа повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар и кое и посочило каде да ги остави парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК