Centar.mk
илустрација / фото J.S. images (c)
МАКЕДОНИЈА

Трагедија на македонските патишта: Се судрија возила со скопски и кавадаречки таблици, загина едно лице – повредени неколкумина

На 17.10.2025 во 14:24 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат кај место викано „Превалец“, во атар на с.Трновац, кратовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје и патничко возило „дачија сандеро“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.В.(33) од Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал сопатникот од возилото „фиат добло“ А.А.(38) од Скопје и од страна на лекар констатирана била смрт, а со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Клековски во Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“: Над 40 милиони денари вложени во модернизација на установата, вклучувајќи ординација со општа анестезија

ДЕСК

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК